24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМанчевски: Дигитализацијата значително ги намалува можностите за корупција

Манчевски: Дигитализацијата значително ги намалува можностите за корупција

Еден од главните предизвици во администрацијата и бизнисите во секоја земја е борбата со корупцијата. Човечкиот фактор, па дури јас би рекол и дека човечката природа е генератор на корупција, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Според него, дигитализацијата значително ги намалува можностите за корупција во администрацијата.

„Автоматизираните и дигитализираните процеси не можат да бидат корумпирани. А лошата вест е дека на Балканот имаме проблеми со корупцијата. Но, добрата вест е што решивме дигитално да се поврземе и да ги премостиме инфраструктурните јазови со дигитални решенија. И дигитално да се бориме против корупцијата. Клучен фактор, повторно, е силната волја и определувањето на клучните засегнати страни, заедно со силната поддршка што ја добиваме од нашите партнери“, заклучи министерот Манчевски, кој во рамки на посета на Маракеш, Мароко, се обрати на работилницата на тема: „Постигнувања и предизвици во реформата на јавната администрација во земјите од Западен Балкан“.

Манчевски рече и дека јадрото на промените на нашите општества и на нашите животи е информатичката технологија. Многу земји, рече тој, го направија скокот напред и ги прифатија промените.

„Дигиталната трансформација во администрацијата не е лесна. Тоа е всушност прилично скап потфат. Таа ги зема инвестициите во инфраструктурата, но и во човечките ресурси. Но конечно, имаме свест за важноста од овие промени. Но, конечно, и навистина сум среќен што сите земји од Западен Балкан се на иста линија. Бидејќи само со здружени напори можеме да направиме нешто повеќе за нашите граѓани. Пример за тоа беше Дигиталниот самит во Скопје, каде што истакнавме дека сме обединети во дигиталната трансформација во администрацијата. Дека имаме волја, посветеност и соработка, заедно да ја прифатиме промената“, истакна министерот Манчевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП