8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаредбата на јапонскиот регулатор ја намали цената на биткоинот

Наредбата на јапонскиот регулатор ја намали цената на биткоинот

Цената на биткоинот се намали за над 5% во петокот, откако јапонскиот финансиски регулатор нареди на неколку берзи за криптовалути да ги подобрат практиките во однос на перењето пари, објави „CNBC“.

Дигаталната валута се тргуваше по цена од 6.255 долари, откако падна под прагот од 6.400 долари за прв пат од околу една недела, според податоците на „CoinDesk“.

По наредбата на Агенцијата за финансиски услуги во Јапонија, „bitFlyer“, најголемата криптоберза во земјата, го замрзна создавањето на нови сметки, до подобрување на сопствениот бизнис, особено во однос на мерките за запирање на перењето пари и финансирањето на тероризмот.

„Нашето раководство и сите вработени се обединети во вашето разбирање колку сериозни се овие проблеми и колку сериозни сме ние во нашиот одговор“, објави „bitFlyer“ во соопштението на својата интернет страна.

„За да се зголемат напорите при создавањето на соодветна услуга и решавањето на утврдените проблеми, привремено го замрзнуваме создавањето на сметки за нови клиенти по наша сопствена волја“, додаде истиот извор.

Агенцијата ја даде истата наредба на пет други берзи, откако најде слабости во борбата против перењето пари.

„На долг рок се создава подобар екосистем и се осигура дека тоа е легитимна класа на средства“, изјави Брајан Кели, основач и извршен директор на компанијата „BKCM“. „Ова е дел од гаранцијата дека крипто-берзите се на врвот“, додаде тој.

Кели посочи дека во краток рок мерката ќе го намали приливот на нов капитал кон најголемата берза за криптовалути на најголемиот пазар за трговија со биткоин. Трговијата со криптовалутата во јапонски јени сочинува над 60% од дневните количини со дигиталната валута, покажуваат податоците на „CryptoCompare“.

Биткоинот настрада од недостатокот на нови купувачи во 2018-та година. Пазарната капитализација на дигиталната валута се намали за речиси 50% од јануари, според податоците на „CoinMarketCap“. Биткоинот изгуби повеќе од половина од својата вредност во оваа година, откако достигна скоро 20.000 долари во декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП