30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Шверцот на цигари не чини милијарди

ЕУ: Шверцот на цигари не чини милијарди

cigari2

Секоја година земјите на Европската унија губат речиси 10 милијарди евра поради шверцот на цигари.

Тутунските компании дополнително заработуваат и од продажбата на цигари во сивата зона, иако се брендирани, и покрај сите обиди да се спречи нелегалната трговија, шверцерите и понатака задоволно ги тријат рацете.

Европската унија со четири водечки тутунски групации, кои контролираат 80 проценти од глобалниот пазар на цигари, направи договори според кои производителите се должни да објават колку цигари произведуваат и каде ги испорачуваат, но се покажа дека и овие договори е лесно да се избегнат.

Проблемот е во тоа што повеќето корпорации имаат свои филијали во земјите на Источна Европа и Азија, каде е многу тешко да се контролира количината на произведените цигари.

Одредена количина од цигарите се произведува специјално за шверц. Највпечатлив пример за тоа е марката „Џин Линг“ од рускиот „Каљинград“. Официјално, тие се прават за рускиот пазар, на кој ги нема ниту во една продавница, но затоа се популарни во некои делови на Берлин.

ЕУ сега се обидува, преку трговски договори  да ја зајакне контролата на производство на тутунските производи, но и да ја зајакне контролата на пристаништата кои се подобни за безцарински увоз и извоз, како и во слободните зони на Европската унија.

Сите овие мерки, сепак, нема да ги одвратат шверцерите од една едноставна причина – нелегалната трговија со цигари носи неверојатен профит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП