5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes подготвува конкурент на BMW Series 3 GT

Mercedes подготвува конкурент на BMW Series 3 GT

cklasss

Во рамките на следната генерација на „Mercedes C class“ на пазарот би можело да се појави и потполно нов модел кој би претставувал комбинација на автомобил со спортски изглед со пет врати и возило со зголемен простор за патниците на задната клупа.

„Mercedes“ на тој начин сака да се спротистави на „BMW Seriеѕ 3 GT“, но и на „Audi A5 Sportback“. Идниот модел би можел да ја има ознаката „C сlasѕ Sports Coupe“ и би требало да се појави во продажба во 2016-та година.

Сличностите помеѓу овој модел и лимузинската верзија би се задржале само во предниот дел на возилото, додека силуетата на „Sports Coupe“ би била нешто поголема. Автомобилот би овозможил и поудобно возење за патниците на задните седишта со оглед дека тие би имале повеќе место за нозете и главата.

Благодарејќи на закосената линија на задниот дел од возилото и на петте врати и багажникот, „Sports Coupe“ би бил поголем и пофункционален во однос на седан верзијата, додека автомобилот би бил поатрактивен во споредба со караванот на „C сlasѕ“.

„Mercedes C сlaѕs Sports Coupe“ би ја користел палетата на мотори која ја користи и лимузинската верзија на овој модел. На располагање ќе бидат 2.0 литарски  турбо-бензинци со снага од 135 kW/184 ks, 155 kW/211 ks и 185 kW/252 ks, како и 3.0 литарски V6 кој развива 245 kW/333 ks и четирицилиндрични „CDI“ дизел мотори со 125 kW/170 ks, 150 kW/204 ks и 170 kW/231 ks.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП