7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд 12 до 15 јули „Пивофест“ во Прилеп

Од 12 до 15 јули „Пивофест“ во Прилеп

Од 12 до 15 јули, Прилеп по 16. пат ќе биде домаќин на фестивалот на пивото и скарата – „Пивофест 2018“.

Дарко Манасијески од агенцијата „Ентфинити“, која што ќе ја преземе организацијата на годинешниот фестивал, на прес-конференција рече дека годинешната програма е прилагодена за сите посетители, независно од нивната возраст и музички афинитети. Посетителите ќе можат да ги проследат настапите на познати музички имиња од Македонија и од странство, меѓу кои и на Жељко Јоксимовиќ, Шабан Шаулиќ, ди џеј Мозел, Ван Гог, Црвена Јабука, Кирил Џајковски, Милица Тодоровиќ, Џенан Лончаревиќ, Дарио, Тони Зен и други.

За „Пивофест 2018“ општината ќе потроши 2.5 милиона денари.

Инаку, паркирањето наместо досегашните 100 денари, оваа година ќе биде 50 денари за еден ден. И оваа година на Паркот на револуцијата ќе биде организирано кампување за посетителите од другите градови, за кои ќе бидат обезбедени топли напитоци и супа, а ЈКП „Комуналец“ ќе постави туш кабини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП