15 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД ги продолжија санкциите за Северна Кореја

САД ги продолжија санкциите за Северна Кореја

Американскиот претседател, Доналд Трамп, донесе одлука за продолжување на санкциите за Северна Кореја за уште една година.

Вчера Трамп изјави дека Пјонгјанг презема чекори за денуклеаризација, што би значело и чекор кон ублажување на рестриктивните мерки.

Трамп ги воведе санкциите како дел од неговата агенда за максимален притисок врз Северна Кореја. Тој во негови претходни изјави не го исклучи ублажувањето на санкциите доколку земјата се откаже од нуклеарната програма, но официјалната политика на САД е дека санкциите ќе бидат укинати само тогаш кога ќе дојде до целосна и верификувана денуклеаризација на Северна Кореја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП