27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Јапонија остана непроменета во мај

Инфлацијата во Јапонија остана непроменета во мај

Потрошувачките цени во Јапонија се зголемија за 0,7 отсто во мај во однос на истиот месец од минатата година, забележувајќи 17 месеци по ред на раст, покажуваат објавените официјални податоци.

Индикаторот се зголемува, но сепак е далеку под целта на инфлацијата од 2 отсто на централната банка.

Инфлацијата беше на исто ниво во април.

Централната банка започна политика на парично стимулирање на економијата пред повеќе од пет години, поставувајќи ја инфлациската цел од 2 отсто, за да се избори со трајната дефлација, која ја попречува економијата на земјата од над една деценија.

Инфлацијата се очекува да се забрза на 1,3 отсто во тековната финансиска година, завршувајќи во март 2019-та година. Во април, институцијата предвидува инфлација од 1,4 проценти за истиот период.

Индексот на потрошувачките цени во мај, без известување на свежа храна, бил на ниво од 101,0 поени во однос на базата од 100 поени во 2015-та година, посочи јапонската влада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП