2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОланд: Кризата во еврозоната помина

Оланд: Кризата во еврозоната помина

Francois Hollande

Францускиот претседател Франсоа Оланд се обидува да ги увери јапонските претприемачи дека еврозоната е излезена од кризата.

Тој призна дека, сепак, монетарната унија мора да превземе мерки за поттикнување на економскиот раст и конкурентноста, пренесуваат агенциите.

Оланд, констатираше дека должничката криза, покрај негативните последици, предизвикала и позитивни промени – допринесе за зајакнувањето на еврозоната и ја промовираше нејзината желба за интеграции.

Земјите кои плаќаат со евра ги заострија буџетските правила и се договорија за основање на банкарска унија.

Но, иако должничката криза во еврозоната попушти, економијата на целиот блок веќе шест квартали по ред бележи пад, а невработеноста ги руши рекордите.

Во првиот квартал од 2013 година без работа беа 12,2 проценти од граѓаните на еврозоната, што е најголемиот процент во нејзиното постоење.

Според Оланд, Европа сега мора да донесе мерки за поддршка на економскиот раст и конкурентноста.

Францускиот претседател, исто така, предлага „заедничка економска влада“, која ќе ја одредува економската политика на тој блок.

Во заклучокот на говорот, Оланд ја опиша Јапонија како „исклучителен партнер“ на Франција и ги повика стопанствениците на двете земји да ги зголемат инвестициите во двете земји.

За илустрација, годишниот извоз на Франција во Јапонија изнесува околу 7,5 милијарди евра, а вредноста на увозот минатата година надмина околу девет милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП