29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе бараат волонтери за донирање на вишокот храна на социјално загрозени семејства

Се бараат волонтери за донирање на вишокот храна на социјално загрозени семејства

Во Македонија илјадници тони безбедна храна завршува на депониите, а 450.000 луѓе во нашата земја не можат да си ги дозволат сите оброци во текот на еден ден. Оттука вишокот храна од бизнисите ќе се донира преку граѓански организации на социјално загрозени граѓани.

За таа цел ќе се одржи отворен ден за вклучување волонтери во системот за донирање вишок храна, кој ќе се одржи на 27 јуни (среда) од 17 часот во CEED Hub на улицата Руѓер Бошковиќ 18 (бараките на Машинскиот факултет).

„Доколку сакате да помогнете со донирање на вишокот храна, можете да се вклучите според вашите можности и интереси: пренос на храна, таа треба да биде пренесена од донаторот кон граѓанската организација (со или без ваше возило), како и преку наоѓање нови организации, односно помагате во вклучување нови бизниси со вишок храна и граѓански организации што имаат потреба од неа“, соопштуваат од „Ајде Македонија“.

Сите заинтересирани што сакаат да се вклучат во системот треба да ја пополнат апликацијата на овој линк и ќе бидат поканети на информативен состанок. За дополнителни информации, контакт преку [email protected] или на фејсбук-страницата. „Сите сити“ е систем за донирање на вишокот храна поддржан од швајцарската амбасада, УСАИД, Мировниот корпус, Националниот демократски институт и „Публицис“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП