25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроблемите на Tesla се проширија и над нејзиниот соларен бизнис

Проблемите на Tesla се проширија и над нејзиниот соларен бизнис

Одлуката на производителот на електрични возила „Tesla“ да скрати 9% од работната сила драстично ќе ги намали вработените во нејзиниот соларен бизнис, кој таа го купи пред две години при спорна зделка за 2,6 милијарди долари. Ова го посочуваат три документи и неколку актуелни и поранешни вработени во компанијата, објави „Ројтерс“.

Последните кратенки во делот што некогаш беше „SolarCity“ – компанија за продажба и инсталација на панели, основана од двајца братучеди на Маск, вклучуваат затворање на десетици инсталациони единици според внатрешните документи. „Tesla“ става крај на своето трговско партнерство со „Home Depot“, кое според сегашните и поранешни вработени генерира околу половина од продажбата.

Околу 60 единици за соларна инсталација остануваат отворени според еден од документите разгледани од страна на „Ројтерс“.

Интерна е-пошта покажува дек а14 единици кои ќе бидат затворени, но друга список вклучува само 13 од овие локации.

„Tesla“ одби да коментира кои локации планира да ги затвори, колку вработени ќе ги загубат своите работни места или кој процент од сончевата работна сила што ја претставуваат.

„Продолжуваме да очекуваме соларниот бизнис и овој со батериите на „Tesla“ да бидат во иста големина како автомобилскиот на долгорочен план“, објасни компанијата за „Ројтерс“.

Затворањата, кои не беа споменати претходно, предизвикуваат нови прашања за состојбата на соларниот бизнис на „Tesla“ и за мотивите на Маск за спојување што тој некогаш го дефинираше како клучно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП