27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврогрупата не постигна договор за општ буџет за еврозоната

Еврогрупата не постигна договор за општ буџет за еврозоната

Министрите за финансии на Еврогрупата не постигнаа договор за создавање на заеднички буџет за еврото, како што го предложија Германија и Франција. Ова го изјави комесарот за економски и финансиски прашања на ЕУ, Пјер Московиси, по завршувањето на состанокот на Еврогрупата доцна вчеравечер.

Дискусијата ќе продолжи на Самитот на ЕУ на 28-ми и 29-ти јуни.

„Договорот помеѓу канцеларката Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон ужива значителна поддршка, иако не сите се согласуваат“, рече тој.

„Сега претседателот на Еврогрупата ќе презентира извештај за состојбата на самитот на ЕУ, каде што разговорите ќе продолжат и ние не сме разочарани, имаме многу работа пред нас“, рече Московиси.

Берлин и Париз сакаат посебен буџет за еврозоната одвоени од општиот буџет на ЕУ, како дел од широката реформа на Европската монетарна унија.

Исто така, се предвидува да се создадат дополнителни финансиски инструменти за стимулирање на економскиот раст и предупредување при кризи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП