1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОли Рен: ММФ се обидува да се извлече

Оли Рен: ММФ се обидува да се извлече

oliren1

Европскиот комесар за економија Оли Рен остро го критикуваше Меѓународниот монетарен фонд за неговата улога во грчката криза.

Тој ја обвини оваа финансиска институција дека сега се обидува да се извлче и сета одговорност да ја префрли на Европската унија.

ММф пред четири дена објави извештај во кој се наведени „видливи успеси“ во доделувањето на помош за Грција од 240 милијарди евра, за што, одговорноста ја префрлува на ЕУ.

Говорејќи на состанокот во Финска, Рен потсети дека во слична криза претходно била и практиката проблемите да се решаваат заедно.

„Тоа беше фер и вистинско партнерство и не мислам дека е фер што ММФ се обидува да се извлече и да ја префрли сета вина на ЕУ“, изјави Оли Рен.

ММФ, Европската централна банка и Европската комисија ја сочинуваат т.н. Тројка меѓународни кредитори кои би требало своите активности да ги координираат и заеднички да одлучуваат.

Меѓутоа, ММФ во својот извештај наведува дека европската политика кон Грција била незаконска и дека многу порано требало да се покрене механизам за помош.

Грчкиот статистички завод денес соопшти дека во првиот квартал од оваа година е забележан пад на производството од 5,6 проценти, што е незначително полошо од предвиденото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП