29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛетна Ембедед Школа на Сеавус

Летна Ембедед Школа на Сеавус

Студентите од техничките факултети од Македонија можат да се пријават на Летна ембедед школа

Во тек се уписите за Летната ембедед школа организирана од страна на софтверската компанија, Сеавус, во соработка со ST Microelectronics. Традиционално, по петти пат, школата нуди можност за пракса на студентите од техничките факултети.

Во текот на летната школа студентите ќе имаат можност да работат со експертите од Сеавус од областа на вгнездени системи и да добијат уникатни вештини за изработка на врвни решенија од областа на вгнездените системи. При изведување на оваа пракса ќе се користат напредни развојни околини од ST Microelectronics на кои студентите ќе ги изработуваат своите практични задачи и проекти.

Со учеството во летната школа, студентите ќе имаат можност да се стекнат со следниве вештини:

  • Креирање на проекти со користење на System Workbench софтверската развојна околина
  • Нагодување и користење на околина за дебагирање на програми кои се извршуваат на електронска развојна околина
  • Изработка на апликации и системски решенија за вгнездени системи за разновидни функционалности
  • Користење на разновидни сензори, надворешни мемории и картички, комуникација со компјутер, надворешни LCD компоненти и слични уреди

Повикот е отворен за сите студенти од втора, трета и четврта студиска година. За да можат да аплицираат, студентите  треба да ги имаат проследено курсевите или предавањата за:

  • Изработка на софтверски алгоритами
  • Програмски јазик С (основно ниво на познавање), и
  • Електротехника

Предност за учество во летната школа ќе имаат кандидатите од повисоките студиски години од следниве факултети: ФЕИТ, ФИНКИ, ФИКТ и SEEU.

Бројот на учесници е ограничен, а пријавените кандидати ќе поминат низ процес на селекција.

Пријавете го вашето учество најдоцна до 28 јуни, на следниот линк:

https://career.seavus.com/job-opportunities/job/seavus-embedded-summer-school

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП