28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром: Зголемени средствата за дивиденда

Газпром: Зголемени средствата за дивиденда

gazprom2

Акционерите на „Газпром“ го подржаа предлогот на советот на директори, дел од профитот наменет за исплата на дивиденда да се зголеми од 22 проценти на 25 проценти.

Така, за секоја акција ќе се пресметува 9,3 рубљи, што е за 27 проценти повеќе од сумата која беше исплатена во 2012 година. Вкупно ќе бидат исплатени 44,09 милијарди рубљи (1,03 милијарди евра).

Минатата година, консолидираниот нето профит на „Газпром“ е зголемен за 10 проценти, на рекордни 176,3 милијарди рубљи.

Производството на нафта е зголемено за 4,3 проценти, на 59,7 милиони тони.

Деловните и финансиски резултати на „Газпром“ за 2012 година значително ги надминаа оние од 2011 година и станаа најдобрите резултати во историјата на компанијата.

Високата стапка на раст овозможи да се остварат низа на цели од стратегијата за развој до 2020 година, изјави претседателот на Управниот одбор на „Газпром“, Александар Ѓуков.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП