29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладина делегација на министерски состанок за енергетика во Виена

Владина делегација на министерски состанок за енергетика во Виена

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши се во дводневна посета на Република Австрија, кадешто ќе учествуваат на настани во организација на Секретаријатот на Енергетската заедница.

Денес, во Виена, вицепремиерот Анѓушев и министерот Бектеши ќе учествуваат на Форумот за одржливост, кадешто министерот ќе се обрати на панелот за високи гости „Енергетски и климатски политики во Енергетската заедница по 2020 година“, додека утре во градчето Вахау ќе учествуваат на годишниот состанок на министрите за енергетика, индустрија и економија. Тема на овој состанок е енергетската транзиција во земјите потписнички на Договорот за Енергетска заедница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП