29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ризикува казна од милијарди евра за кршење на законите за животна...

Германија ризикува казна од милијарди евра за кршење на законите за животна средина на ЕУ

Германија може да биде казната милијарди евра од Европскиот суд на правдата (ЕСП) кога беше прогласена за виновна за кршење на законите за животна средина. ЕСП пресуди дека Германија ја прекршила бриселската директива со тоа што не презела доволно мерки за справување со загадувањето на водата, пренесува „Дејли експрес“.

Пресудата на највисокиот суд на ЕУ дојде по зголемената загриженост за нивото на нитрати во германската вода за пиење. Нитратите се користат како ѓубрива, но хемикалијата може да ѝ наштети на животната средина и да предизвика здравствени ризици преку загадување на водата за пиење. ЕСП вели дека владата на Германија треба да преземе дополнителни мерки за заштита на водата за пиење.

Утврдено е дека Германија ја прекршила Директивата за нитрати на ЕУ од 1991 година. Бремените жени и бебињата може да бидат особено погодени ако пијат вода со високо ниво на оваа хемикалија. Максимилијан Хофмајер од берлинската Федерална агенција за животна средина тврди дека не постои ризик за здравјето на луѓето од водата од чешма.

„Нема опасност од водата за пиење. Имаме добри пристапи за намалување на загаденоста со нитрати на подземните води“, рече тој.

Германија има второ највисоко ниво на нитрати во подземните води во ЕУ, веднаш по Малта. Германија првин доби тужба од Европската комисија за ова прашање во ноември 2016 година, а сега може да се соочи со огромна глоба. Во тоа време портпаролот на Комисијата рече:

„Вишокот нитрати може да ги загади пивките води и морската средина преку промовирање на растот на алгите што ги задушуваат другите форми на живот. Овој процес, познат како еутрофикација, предизвикува сериозно влошување на квалитетот на водата и губење на биодиверзитетот. Присуството на нитрати во водите за пиење над 50 мг/л може да има значителни здравствени ефекти врз населението, особено кај бремените жени и бебињата. Прочистивањето на водата за пиење од хитрати е исто така многу скап процес, главно поддржан од домаќинствата и од јавните власти.

Мартин Венд од германската асоцијација за енергетика и вода за ситуацијата ги обвини исклучоците и дупките во директивата. Говорејќи пред денешната пресуда, тој рече:

„Германија ризикува милијарди евра во казни бидејќи ЕСП ќе ја осуди за неспроведување на Директивата за нитрати на ЕУ“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП