23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМЗШВ договара откуп на вишокот домати

МЗШВ договара откуп на вишокот домати

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство континуирано ја следи состојбата со откупот на земјоделските производи. Во врска со откупот на доматите и нивната откупна цена од таму истакнуваат дека изминативе три недели тимови од МЗШВ се постојано на терен и во комуникација со откупувачите и со земјоделските здруженија.

Почетната откупна цена на доматите беше од 25 до 30 денари за килограм, а сега е од 10 до 15 денари за килограм. „Точно е дека во моментот е отежнат откупот поради тоа што расте понудата на нашите традиоционални пазари од тамошни домашни производители, што влијае врз отежнување на откупот на македонските домати. Но, со цел да им се излезе во пресрет на земјоделците, МЗШВ веќе е во комуникација и договара вишокот домати да го откупат домашните преработувачките капацитети“, велат од Министерството.

Исто така, со оглед на тоа дека жетвата на житните култури е веќе започната, МЗШВ деновове ќе излезе и со пресметките за производната цена на годишната пченица и мерките што ќе се преземаат.

„Досега се одржаа повеќе состаноци со земјоделците производители на пченица и со мленичарите откупувачи сè со цел да се постигне договор од заеднички интерес. Агенцијата за стокови резерви веќе ја започна постапката за објавување јавен оглас за откуп на домашна пченица за потребите на резервите. На овој начин ќе се мотивираат мелничарите да откупуваат домашна пченица, која потоа ќе ја продадат на Агенцијата за стокови резерви, а воедно ќе се влијае и да се постигне солидна откупна цена на домашното жито. Воедно, првпат ќе се пуштат и помали лотови на кои ќе може да конкурираат и земјоделците“, велат од Министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП