ПочетнаЕКОНОМИЈАЗатворање на АгБиз програмата на УСАИД

Затворање на АгБиз програмата на УСАИД

USAID_90sLogo

Проектот на УСАИД за агробизнис во Македонија денеска напладне во Куршумли ан свечено ќе ја заврши шестгодишната АгБиз програма.

Нејзина цел беше да се зголеми економскиот раст на Македонија преку проширено и еколошки одржливо производство и продажба на земјоделски производи со додадена вредност и оспособување на производителите и преработувачите да се конкурентни на регионално и глобално ниво.

– Преку поддршката на земјоделството и агробизнисот во македонската економија, АгБиз успеа да влијае на зголемувањето на приходите на сите учесници во селектираните вредносни синџири преку зголемување на продажбата, подобар пристап до финансии и подобрување на продуктивноста и севкупната деловна клима во земјоделството, соопшти УСАИД.

На свеченоста ќе се обрати министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП