28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјоделците и производителите од целиот свет заработуваат се помалку

Земјоделците и производителите од целиот свет заработуваат се помалку

Се повеќе се продлабочуваат разликите во приходите на производителите и дистрибутерите во прехранбениот синџир, алармира невладината организација „Oxfam“, цитирана од светските агенции.

Според меѓународното истражување на организацијата во последните 20 години земјоделците и производителите во светот заработуваат се помалку, а големите трговски синџири собираат се поголем профит.

„Oxfam“ го критикува постојаниот притисок врз производителите да ги намалуваат трошоците, а во исто време од нив се бара да исполнуваат се повисоки барања за квалитет.

Според проценките на организацијата осумте најголеми ланци на супермаркети во светот, кои котираат на берзата, реализирале продажба за околу 1.000 милијарди долари во 2016-та година и добивка во вкупна вредност од околу 22 милијарди долари, пренесоа светските агенции.

„Наместо да реинвестираат во добавувачите, тие платиле оваа година над 15 милијарди долари дивиденди на акционерите“, се вели во меѓународното истражување.

Куповната моќ на трговските синџири кои непрестано ги туркаат цените надолу, ќе ја влошат опасноста од нарушување на човековите права и на работничките права – се повеќето непостојани работни места, детскиот труд, физичкото и моралното малтретирање се шири во земјоделскиот и прехранбениот сектор, нагласува „Oxfam“.

Од средината на 1990-тите и средината на 2010-та цената на зелениот грав од Кенија е намалена за 74%, а на бразилските портокали со 70 отсто.

Во моментов, многу од земјоделците и производителите тешко ги покриваат трошоците и повеќе од нив се принудени да ги напуштат своите земји или да прифатат варијабилна работа во големи плантажи, е наведено во извештајот.

Така доаѓа до најжесток парадокс, поразлично од меѓународните организации, како Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) и здруженијата за фер трговија, имено, дека земјоделците и работниците во секторот гладуваат – истите оние кои произведуваат храна.

Помеѓу 1996-та и 1998-ма година производителите добивале во просек 8,8 отсто од крајната цена, а 20 години подоцна во 2015-та година – едвај 6,5 отсто.

Во исто време големите трговски синџири го зголемуваат својот удел во крајната цена до 48,3 отсто во однос на 43,5 отсто пред 20 години.

Со експанзијата на евтини продавници како „Aldi Nord“, „Aldi Sud“ и „Lidl“, како и со купувањето на „Whole Foods“ од „Amazon“ во 2017-та година, „Oxfam“ стравува од епоха на ново, уште безмилосно намалување на цените и од забрзување на падот на нивото на социјалните и еколошките стандарди во синџирот на снабдување.

Организацијата смета дека е сосема можно земјоделците и работниците да добиваат животен минимум, ќе бидат одредени минимални цени за основните земјоделски производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП