18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија одобри извоз на оружје во вредност од над 6 милијарди евра...

Германија одобри извоз на оружје во вредност од над 6 милијарди евра во 2017-та

Германија одобри извоз на оружје во вредност од 6,24 милијарди евра (7,23 милијарди долари) во текот на минатата година, што е намалување за 9% во однос на 2016-та година, покажува извештајот одобрен од владата.

Но значителни нарачки, вклучувајќи борбен брод за Алжир и подморница за Египет ја поддржале продажбата за земји надвор од НАТО и ЕУ со 100 милиони евра до 3,795 милијарди евра.

Германија е една од петте најголеми земји извознички на оружје според податоците на Институтот „SIPRI“, но продажбата на оружје е чувствително прашање во земјата поради историјата и за време на Втората светска војна.

Коалициската влада на канцеларката Ангела Меркел се согласи во февруари да ја ограничи уште повеќе продажбата на оружје и да работи за хармонизација на контролата врз извозот во ЕУ.

Германскиот филијала на „Амнести интернешнал“ остро ја критикува Германија заради тоа што продолжува да одобрува продажба на оружје на земји со „катастрофални резултати во областа на човековите права“ или вмешани во вооружени конфликти, како Саудиска Арабија.

„На пример, несфатливо е зошто испораките на илјадници автомати за Индија биле постојано одобрени, иако безбедносните сили таму се познати по прекумерната употреба на сила“, забележува Матијан Џон, експерт за продажба на оружје во „Амнести Интернешнл“.

Организацијата ја повикува германската влада да го реформира судскиот процес при одобрување на продажбата на оружје и да ги стандардизира политиките за извоз, за ​​да се вклучат во нив и критериумите поврзани со човековите права.

Одобрениот извоз на лесни оружја од Германија се задржува на ниво од околу 47,8 милиони евра, а Франција е главен купувач.

Германија стана и првата земја во ЕУ која оствари контрола во снабдувањето при извозот на оружје во 2017-та година, се вели во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП