28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадски енергетски системи АД Скопје – ново јавно претпријатие на Град Скопје

Градски енергетски системи АД Скопје – ново јавно претпријатие на Град Скопје

Град Скопје го основа новото јавно претпријатие „Градски Енергетски Системи АД Скопје“ кое ќе врши енергетски дејности.

Советот на Град Скопје на седница, во својство на Собрание на акционери го усвои статутот на Акционерското друштво за енергетски дејности и ги избра членовите на надзорниот одбор на новото јавно претпријатие кои понатаму ќе изберат управен одбор од пет члена.

Ова акционерско друштво за подрачјето на Град Скопје ќе врши снабдување на природен гас и топлинска енергија, како дејности од јавен интерес од локално значење.

Од Град Скопје велат дека со ова се создаваат услови за преземање на топловодната мрежа и започнува да се имплементира процесот на гасификација на градот, во кој граѓаните на Скопје во претстојната грејна сезона ќе можат да почнат да ги користат услугите на новото јавно претпријатие.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП