4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ"Луј Витон" е највреден луксузен бренд во светот

“Луј Витон” е највреден луксузен бренд во светот

louis-vuitton

Највреден луксузен бренд во светот моментално е “Луј Витон”, кој покрај модните артикли продава и алкохол и накит. Неговата вредност се проценува на 23.6 милијарди долари, покажуваат податоците на косултантската фирма “Интербренд”, што ги објави Форбс.

Вредноста на втората луксузна марка “Гучи” е за повеќе од 14 милијарди долари пониска и е проценета на 9.45 милијарди долари. По нив следат “Ерме” (Hermes) со вредност од 6.18 милијарди долари, “Картие” со 5.5 милијарди долари,  “Тифани” со 5.16 милијарди долари, “Барбери” со 4.34 милијарди долари, “Прада” со 4.27 милијарди долари, и “Ралф Лорен” со 4.04 милијарди долари.

Повеќето од најскапите брендови произведуваат и продаваат модна облека и додатоци. И покрај тоа што се повеќе луѓе штедат, за чанта со логото на “Луј Витон” или за накит “Картие” и понатаму има огромен интерес.

Годинава прометот на производителите на луксузна стока би можел да се зголеми за 4 до 5 отсто, предвидува консултациската компанија Bain&Company.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП