27 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткриени илјада големи затајувачи на данок во Италија

Откриени илјада големи затајувачи на данок во Италија

Италијанската финансиска полиција објави дека идентификувала илјада големи затајувачи на данок кои ја оштетиле државата за 2,3 милијарди евра.

Од јануари минатата година до мај, финансиската полиција успеала да врати повеќе од половина од затаениот данок, за кој што се наведува дека е резултат на тешки фискални и финансиски престапи.

За затајување на данок се смета дека се одговорни 13 илјади лица, кои затскриле околу 5,8 милијарди евра. Во секторот на јавните набавки полицијата открила нерегуларности во 40 отсто од случаите и уапсила повеќе од 600 лица.

„Во борбата против мафијата, Италија од јануари до мај годинава запленила средства во висина од околу две милијарди евра“, се наведува во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП