24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Сите сити“: Обезбедени 12.500 оброци за социјално загрозени граѓани

„Сите сити“: Обезбедени 12.500 оброци за социјално загрозени граѓани

Системот за донирање вишок храна „Сите сити“, кој има цел вишокот храна што сè уште е во добра состојба и безбеден за употреба да не заврши во депониите, туку да се пренамени онаму каде што е реално неопходен, за два месецa успеал да спаси 4 тони храна и со тоа да обезбеди 12.500 оброци за социјално загрозените граѓани.

Станува збор за големи количества овошје, зеленчук, житни зрна, сокови, кондиторски производи, млеко и други видови храна, која само затоа што е со пократок рок или нема побарувачка за неа на пазарот, со сигурност би завршила на депонија.

„Интересот кај бизнисите и хуманитарните организации да се вклучат расте, а дополнително десетици волонтери се пријавуваат по своето работно време, да помогнат во дистрибуцијата на храната до социјално загрозените граѓани“, информираат од организицијата „Ајде Македонија“, иницијатор на овој проект.

Оттаму изразуваат надеж дека системот ќе ја постигне зацртаната цел да спаси 60 тони храна и да обезбеди 200.000 оброци до март 2019 година.

Воспоставувањето на првиот систем за донирање вишок храна во Македонија, „Ајде Македонија“ го создаде со поддршка на швајцарската амбасада, УСАИД, Мировниот корпус, Националниот демократски институт и „Публицис“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП