26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе одложува либерализацијата на пазарот со струја

Се одложува либерализацијата на пазарот со струја

struja

Либерализацијата на пазорот со струја, што требаше да стартува на 1 јули, се одложува, изјави денеска министерот за економија Ваљон Сарачини.

Причина за одложувањето е можноста да дојде до поскапување на струјата за домаќинствата и за стопанството, што, според Сарачини, Владата немало да го дозволи.

– Од последните анализи коишто ги направивме во Министерството за економија јасно и прецизно може да се види дека, уште еднаш ќе кажам од избрзани одлуки, од неподготвени анализи може многу лесно да се дојде до покачување на цената на електрична енергија и тоа за дури  20 проценти за индустријата односно за бизнис заедницата додека за граѓаните ова покачување би било до 25 проценти. Како Влада нема да дозволиме ова да се случи без да направиме дополнителни анализи, изјави министерот Сарачини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП