27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоговор меѓу ЕБОР и Охридска банка за 10 милиони евра повластени кредити...

Договор меѓу ЕБОР и Охридска банка за 10 милиони евра повластени кредити за нови инвестиции

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, присуствуваше на потпишувањето на договорот помеѓу ЕБОР и Охридска банка, со кој на малите и средните претпријатија им се ставаат на располагање 10 милиони евра повластени кредити за нови инвестиции.

„Кредитната линија од ЕБОР, преку Програмата за поддршка на конкурентност и иновативност, е стимул за вложувања во нови производни капацитети и отворање нови работни места. За време на годишните состаноци на ЕБОР со претставници од банката зборувавме за вложувањата во приватниот сектор и заклучивме дека ова е навистина добар проект. Со вкупен фонд од 30 милиони евра и 6 милиони евра ЕУ-инвестициски грантови оваа линија е ликвидносна инјекција, која ќе придонесе за раздвижување во секторот мали и средни претпријатија“, рече Тевдовски на официјалното потпишување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП