26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата ги повика граѓанските организации да ги мониторираат јавните набавки

Владата ги повика граѓанските организации да ги мониторираат јавните набавки

Владата го повикува граѓанскиот сектор во мониторирање на процедурите за јавни набавки со цел тие да бидат целосно заштитени од можности за злоупотреби.

На прес-конференција во Владата, министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски, министерот за здравство, Венко Филипче, заедно со директорите на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) при Владата и „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ), Пеце Мирчески и Драган Миновски, ги повикаа граѓанските организации да се вклучат во мониторингот на јавните набавки.

„Во оваа една година на Владата, за разлика од огромната нетранспарентност и злоупотреби на претходната власт во оваа сфера, со концептот „Отворена Влада“ се отворивме целосно кон граѓаните, имаме политика на максимална транспарентност и отчетност, ги објавуваме сите документи на интернет за да се отстранат какви било сомнежи како се спроведуваат постапките и процедурите“, истакна министерот Поповски, кој исто така рече дека борбата против корупцијата е врвен приоритет на Владата не само за напредокот во евроинтеграциите туку и воопшто за унапредување на одговорното и демократско владеење и подигнување на квалитетот на животот во земјата за сите граѓани.

Поповски истакна дека целта на Владата е процедурите за јавни набавки да бидат целосно заштитени од можностите од злоупотреби и со јавна контрола да се заштитат парите на граѓаните објаснувајќи дека граѓанските организации ќе имаат можност да се вклучат во процесот од самиот почеток и во сите фази на одлучување и спроведување на постапката за јавна набавка до склучување на договорот со избраните понудувачи.

„Затоа, денеска, од овде апелирам до сите граѓански организации во Република Македонија да ја поддржат оваа наша заедничка акција. Да се вклучат со своите капацитети за да добиеме поуспешен и посеопфатен процес. Нема поважно нешто од правилното искористување на буџетот и парите на граѓаните доколку сакаме Македонија да се развива и да оди напред. Нашите вредни граѓани го заслужуваат тоа и ништо помалку!“, рече Поповски додавајќи дека трите институции, Министерството за здравство, СОЗР и ЕЛЕМ, веќе имале контакти со граѓански организации.

Поповски посебно истакна дека целта на Владата е овој процес да ги опфати и сите други институции за кои граѓанскиот сектор што има познавања и експертиза за оваа област ќе покаже интерес. Министерот за здравство, Венко Филипче, истакна дека во насока на рационалност, ефикасност и транспарентност во спроведувањето на јавните набавки и ова Министерство ги отвора вратите на граѓанските и невладините организации за целосен увид во тендерските постапки. Тој информира дека во следниот период ќе следува соработка со стручни лица од граѓанскиот сектор, кои ќе извршат анализа на ризиците од корупција во јавните набавки во Министерството.

„Со увид на ризик-факторите при процесот на јавните набавки, ќе се намали и ризикот од судир на интереси. Целта е навремено согледување на ризиците и судирот на интереси во насока на спречување на непотизам и блиски релации со компании и пријатели“, рече министерот Филипче додавајќи дека се прават анализи за промени во постапките, процена на потребните количини лекови за да се намали потребата од интервентен увоз, како и за начини на штедење неколку милиони евра на граѓаните и создавање подобри услови за пациентите со систем на централна набавка на реагенси.

Директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски, посочи дека како најголема компанија во државна сопственост и еден од најзначајните столбови во економијата, фирмата е должна да биде отчетна и транспарентна во поглед на трошењето за потребите на компанијата и за производствениот процес на електрична енергија, што се поклопува со владините политики на максимална отвореност за информации во врска со тендерските постапки и набавките кон невладините организации, медиумите, но и кон сите што би побарале увид по кој било основ.
Миновски информира дека со група невладини организации што ги следат јавните набавки имале состанок на кој е изразена подготвеност за максимална отвореност. Истовремено, тој оцени дека во процесот е потребно партнерство, доверливост и неизнесување на податоците на трети страни до крајот на постапката, со цел да не ѝ се наштети на конкурентноста во неа.

„Нашата основна цел е да имаме фер, чесен и конкурентен процес на јавни набавки, преку кој би обезбедиле што поквалитетна услуга или производи потребни за нашето функционирање и нашиот производствен процес за што поповолна цена и услови“, потенцира Миновски.
„Службата за општи и заеднички работи при Владата на Република Македонија е силно посветена да постави стандарди за отвореност, транспарентност и отчетност во своето работење. Како во изминатата година, така и во иднина сите јавни набавки што ги прави службата ќе се реализираат со строго почитување на законските процедури, водени од начелата на транспарентност и отчетност. Со тоа ја елиминираме можноста за мито и корупција, како и за местење тендери, што било одлика во некое претходно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП