25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEngie поради неплатени даноци ќе мора да плати 120 милиони евра

Engie поради неплатени даноци ќе мора да плати 120 милиони евра

Луксембург ќе треба да наплати неплатени даноци од околу 120 милиони евра од францускиот енергетски гигант „Engie“, откако Европската комисија најави дека Големото Војводство ги прекршило строгите правила за давање на државна помош, објави „EurActiv“.

ЕК објави денеска дека Луксембург им дозволила на две компании во групата „Engie“ да избегнат плаќање на даноците на речиси целосна добивка во текот на една деценија.

По истрагата што траеше од септември 2016-та година, Комисијата открила дека Луксембург има обезбедено „селективна економска предност“ на две подружници – „Engie LNG Supply“ и „Engie Treasury Management“, што значи дека француската компанија не би требало да плаќа даноци на 99% од добивката на овие групи.

Комесарот за конкурентност Маргрете Вестагер изјави дека одлуките на Луксембург „вештачки го намалиле даночниот товар на компанијата“, додавајќи дека „Engie“ платила „ефективна корпоративна даночна стапка од 0,3% по одредена добивка“.

Во својата изјава Комисијата објасни дека двете компании сопственост на „Engie“ го намалиле оданочувањето на профитот во Големото Војводство преку одбивање на трошоците, слично на исплатата на камати по заеми. Луксембуршките даночни правила ги исклучуваат од данокот за добивката од капиталните инвестиции.

Тоа значи дека „Engie“ се радува на поповолни услови од стандардните даночни правила на Луксембург, бидејќи профитот од подружниците е само делумн ослободен за акционерите, ако тој се оданочува на ниво на подружниците.

Во истрагата ЕК, исто така, утврди дека „Engie LNG Supply“ мора да се оданочува со стандардна стапка од 29%. Профитот на другата компанија сеуште не е оценет, но Комисијата инсистира на тоа дека ќе биде „внимателно следена“.

Денешната одлука не е парична казна, а антимонополските власти на Комисијата сакаат да избегнат употреба на „криминален“ јазик. Наместо тоа, тимот на Вестагер тврди дека надоместот од 120 милиони евра има за цел „враќање на еднаков третман со другите компании“.

Одлуката на „Engie“ е најновата во долгата низа даночни истраги против Луксембург, вклучувајќи ги и т.н. „засладени“ во кои се вклучени „Fiat“, „Starbucks“, „McDonald’s“ и „IKEA“, последните две од кои продолжуваат и во моментов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП