28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Во кои земји пивото е најскапо и најевтино?

График на денот: Во кои земји пивото е најскапо и најевтино?

Без разлика дали пиете голтка традиционално светло пиво во Германија или шише „Heineken“ во бар во Хонг Конг, постојат неколку фактори кои можат да влијаат на цената на вашето пиење. Трошоците за живот сигурно се главен фактор, но даноците, достапноста, видот на установа, видот на пиво и локалните вкусови исто така, можат да влијаат на цената, коментира „VisualCapitalist.

Аналитичарите на „Deutsche Bank“ неодамна собрале податоци за тоа колку чини еден пинта пиво (малку под ½ литар) во бројни големи градови во светот.

Многу од населените места на чело на листата ги имаат повисоки трошоци за живот, па затоа и не е изненадувачки дека Осло и Хонг Конг се на второто и третото место – односно со 10,30 и 8,90 долари за пинта.

Но, со Дубаи, работите се малку поинакви

Технички гледано употребата на алкохол е дозволена само за странците и немуслиманските посетители на Дубаи, а да бидеш пијан на јавно место може да предизвика сериозни последици. Со ова на ум, во Дубаи цените на пивото го одразуваат својот луксузен изглед и чувство. Во позадина на слабата достапност и тешките прописи оние кои копнеат за пинта пиво, ќе треба да платат 12 долари, за да уживаат.

Граѓаните на Чешката Република трошат најмногу пиво во светот, со големо водство – 36% повеќе од соседна Австрија и Германија. Ова делумно се должи на фактот дека побарувачката е толку голема што компаниите не се противат во конкурентност во цените. Како резултат на тоа, пивото е често поефтино од водата во рестораните и пабовите во Прага.

Ниските трошоци за живот и постојаното снабдување со локално пиво во Манила ја донесоа најниската цена за пиво во рангирањето. „San Miguel“ – најголемата пивара во Филипини, доминира со пазарен удел од над 90%, а потрошувачката на пиво расте постојано.

Средната цена на пивото во 48-те градови од студијата изнесува 5,70 долари, а целиот рејтинг може да се најде тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП