27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов хакерски напад доведе до пад на криптовалутите

Нов хакерски напад доведе до пад на криптовалутите

Корејската берза за криптовалути „Bithumb“ загубила 35 милијарди вона (31.5 милиони долари) во виртуелните валути по хакерски напад, соопшти „Reuters“. Сајтот на шестата по големина берза беше запрен рано наутро денес, а средствата на клиентите се ставени во заштитени портфолија без пристап до интернет.

„Bithumb“ додава дека ќе ги компензира сите засегнати корисници. Новиот чекор напред покажува колку се ранливи овие институции. Некои аналитичари ова го сметаат делумно поради недостатокот на регулација. „Bithumb“ тргува со над 37 видови на криповалути.

Се очекува криптовалутите да бидат сé поатрактивна цел за хакерите поради тоа што нема 100% заштита. Тие исто така се анонимни и не можат да се следат. Овој хакерски напад доведе до мал пад на биткоинот (БТК) за 1,8%.

Пред помалку од десет дена бевме сведоци на уште еден хакерски напад, врз корејската берза „Coinrail“. Минатата година од јапонската „Coincheck“ беа украдени дигитални валути во вредност од над половина милијарда долари.

Во јануари, Јужна Кореја го забрани отварањето и користењето на анонимни банкарски сметки за виртуелни валути. Мерката беше преземена за да се запре нивната употреба за перење пари и други кривични дела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП