25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes покажа како го тестира својот електричен SUV (фото+видео)

Mercedes покажа како го тестира својот електричен SUV (фото+видео)

Компанијата „Mercedes-Benz“ објави фотографии од прототипот на својот нов модел – електричениот кросовер „EQC“. Автомобилот е камуфлиран и тестиран на високи температури во Шпанија.

Целта е да се дознае како возилото ќе се однесува на температура на воздухот над 50 степени целзиусови. Инженерите на компанијата сакаат да го проверат квалитетот на батеријата во топло време и дали системот за ладење на електричниот мотор и климатизерот се доволно ефикасни во слични услови.

Во Шпанија, електричниот кросовер на „Mercedes“ пристигна од северните делови на Шведска, каде што исто така беше подложен на сурови тестови на температура од минус 35 степени. Инженерите го проверуваа ладниот старт на моторот, како и работата на батериите, каблите, системот за греење во кабината и системот за обновување на енергијата.

Досега, „Mercedes“ произведе околу 200 прототипови од „EQC“. Освен во Шпанија и Шведска, електричниот „SUV“ беше тестиран во Германија, Финска, Италија, Дубаи, Јужна Африка, Кина и САД.

Овој модел ќе стане дел од опсегот на електричните возила на германската марка „EQ“. Кросоверот добил батерија од 70 kW/h, која ќе му овозможи да помине 482 километри. Почетокот на продажбата е планиран за 2019-та година, а нарачки веќе се прифатени во некои европски земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП