19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо овие четири земји живеат над 60% од милионерите

Во овие четири земји живеат над 60% од милионерите

Шесттата година по ред „Capgemini“ смета дека вкупното богатство на милионерите во светот продолжува да расте. Ова главно се должи на подобреното економско опкружување и добрите перформанси на повеќето светски берзи.

На крајот од 2017-та година, бројот на милионери сега изнесува 18,1 милиони, или 10% (1,6 милиони) повеќе од пред една година. Нивното вкупно богатство забележа пораст од 10,6 отсто за да достигне рекордни 70,2 илјади милиајрди долари.

Од „Capgemini“ ги поставија во категоријата милионери во долари луѓето со најмалку еден милион долари, не сметајќи го нивниот примарен дом, збирки и трајни производи за широка потрошувачка.

Од таму, тие предвидуваат дека глобалното богатство на милионери ќе ја помине границата од 100 илјади милијарди долари до 2025-та година.

Најголем број милионери денес се наоѓаат во САД – 5.285 милиони, следи Јапонија (3.122 милиони), Германија и Кина со 1.365 и 1.256 милиони богати луѓе. Во овие четири земји денес живеат над 61 процент од богатите.

Бројот на милионерите во САД само за една година се зголеми за 10%, во Јапонија со 9 отсто, во Кина си 11 отсто, а во Индија се забележува раст од 20 отсто. Денес во Индија веќе има 263.000 милионери, што ја става земјата на 11-та позиција во рангирањето.

Пред неа и во првите десет се уште Франција (629,000), Велика Британија (575.000), Швајцарија (389.000), Канада (377.000), Австралија (278.000) и Италија со 274.000 милионери.

Денес, луѓето со средства од над 30 милиони долари имаат 35% од богатството. Ултра богатите луѓе денес изнесуваат 174.800 лица, а нивното богатство за 2017-та година е зголемено за импресивни 12%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП