16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКанада ја легализираше марихуаната, ќе може да се порачува и на интернет

Канада ја легализираше марихуаната, ќе може да се порачува и на интернет

Сенатот на канадскиот Парламент изгласа легализација на марихуаната за рекреативни цели со закон кој го регулира одгледувањето, дистрибуцијата и нејзината продажба. Законот за канабисот беше поддржан со 52 гласа за, додека пак 29 гласаа против. Канаѓаните од октомври ќе можат слободно да купуваат и конзумираат канабис.

Со овој чекор, Канада стана првата држава членка на Г7 која ја легализира рекрееативната употреба на канабисот, што беше дел и од предизборните ветувања на канадскиот премиер Џастин Трудо.

Поседувањето канабис во оваа држава се смета за криминал од 1923 година, но неговата употреба за медицински цели е одобрена од 2001 година. За предлог-законот да помине, треба да биде потпишан указ од генералниот гувернер кој ја претставува кралицата Елизабета Втора, по што Владата ќе треба да избере официјален датум за влегување во сила на законот.

Откако ќе се прецизира каде ќе се продава марихуана, од средината на септември, Канаѓаните веќе ќе можат да купуваат од лиценцирани производители на различни локации, но и да порачаат онлајн. Минималната возраст за купување и употреба на канабис на федерално ниво е 18 години, а провинциите имаат право да воведат праг од 19 години. Полнолетните ќе имаат право јавно да купат до 30 грама сушена марихуана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП