26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочнува летната серија трки на плажа организирана од „Прв до врв“

Започнува летната серија трки на плажа организирана од „Прв до врв“

Иницијативата „Прв до врв“ и ова лето продолжува со платформата „Ја трчаме Македонија“ (WE RUN MACEDONIA) преку серијата трки BEACH RUN на пет локации покрај вода во целата држава.

„Летната лига во трчање започнува на 20 јуни во Скопје, а потоа следуваат трките во Претор на 23 јуни, Дојран на 7 јули, Маврово на 22 јули и завршната трка во Охрид на 29 јули. Првите три трки се на 5 километри, а потоа се трча полумаратон во Маврово и трка на 10 километри на финалниот натпревар во Охрид“, појаснуваат од Прв до врв“.

Во трките што се дел од серијата Beach Run 2018 може да учествуваат сите што го сакаат трчањето, и тоа на сите, неколку или една трка. Остварениот резултат на секоја од трките носи соодветен број бодови според кои се формира табела со резултати, чиј финален изглед ќе ги даде победниците на летната лига во трчање годинава.

„За победниците на секоја од трките и на целата лига е обезбеден награден фонд во вредност од 164.000 денари. На секоја од трките првите три места во машка и женска конкуренција освојуваат 3.000, 2.000 и 1.000 денари, а првите три места во вкупен пласман по сите пет трки освојуваат трето место ваучер за спортска опрема во вредност од 6.000 денари, второ место ваучер за спортска опрема во вредност од 12.000 денари и прво место премиум спортски часовник Garmin Forerunner 935 во вредност од 34.000 денари“, се наведува во соопштението за настанот.

Пријавувањето за учество во Beach Run 2018 е преку веб-страницата на Прв до врв.

Настанот има цел да ги популаризира активниот спортски живот и трчањето во летниот период кога луѓето се обично на одмор и на плажа. Серијата Beach Run го става трчањето во контекст на плажата и можностите за спорт и рекреација што таа ги нуди. Токму затоа во серијата се застапени петте најпопуларни дестинации покрај вода во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП