20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвроконтрол: Бројот на летови во Европа се зголемува, аеродромите немаат капацитет

Евроконтрол: Бројот на летови во Европа се зголемува, аеродромите немаат капацитет

Европските аеродроми немаат капацитет да се справат со сѐ поголемиот воздушен сообраќај, и во наредните години и децении треба да се очекуваат сѐ почести доцнења. До 2040, бројот на летови во Европа ќе се зголемува за 1,9 отсто годишно во просек, се прогнозите на Евроконтрол.

Европската организација за воздушна безбедност и контрола на летање, во последниот извештај го вклучува алармот за состојбата со европските аеродроми. Според Евроконтрол, 20-те најголеми аеродроми ќе можат да се справат со околу 2,4 милиони дополнителни летови, но тоа нема да биде доволно. Во 2040 се очекува 400.000 патници дневно да се соочуваат со доцнења од еден до два часа. Таа бројка сега е 50.000 дневно.

Еден од одговорите на тој проблем ќе биде технолошката иновативност, но и отворање нови терминали и зголемување на аеродромите и на пистите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП