19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо обуки и тренинзи младите ќе се прилагодуваат на барањата на пазарот...

Со обуки и тренинзи младите ќе се прилагодуваат на барањата на пазарот на трудот

Вчера беше промовиран проектот „Образование за вработување во Македонија (Е4Е@mk)“, кој има за цел да стимулира вработување во Македонија преку подобрување на стручните вештини и кој е поддржан од Швајцарската Конфедерација и имплементиран од страна на „Хелветас Македонија“, Македонскиот центар за граѓанско образование и Стопанската комора на Македонија.

Премиерот Зоран Заев појасни дека станува збор за одвоени средства во износ од 12.5 милиони евра, со кои ќе се спроведува проектот во 10 годишен период со што ќе овозможи младите луѓе од Република Македонија полесно да се прилагодат на барањата на пазарот на трудот преку квалитетни програми за образование, тренинг и обука.

Заев посочи дека Амбасадата на Швајцарија покажува визионерство и добра волја преку реализација на овој значаен проекти, додавајќи дека се истакнува и поддршката за реализацијата на владиниот проект „Младинска гаранција“, кој ја има истата цел.

„Република Македонија е единствената земја во регионот, која не е членка на Европската унија, а започнува со воведување на ‘Гаранција за млади’, како мерка за зголемување на вработливоста на младите луѓе. Младинската гаранција како пилот-проект веќе се спроведува во три општини, Струмица, Куманово и Гостивар и за овој краток временски период резултатите се одлични. За овој краток временски период 1.120 млади луѓе во овие три општини веќе се корисници на некоја од мерките којашто предвидува вработување, обука или пракса“, истакна премиерот Заев, додавајќи дека Владата на Република Македонија е подготвена, од следната година да ја спроведе „Младинската гаранција“ како мерка за вработување, обука, тренинг и пракса на младите на цела територија на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП