25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОвие неколку навики ве прават непрофесионални, одвикнете се од нив што е...

Овие неколку навики ве прават непрофесионални, одвикнете се од нив што е можно поскоро (видео)

Иако поседувате знаење и вештина за работата со која се занимавате, постојат неколку работи кои вашиот претпоставен нема да ги толерира.

Погледнете кои се тие и потрудете се максимално да ги избегнувате:

Користење мобилен телефон

Секојдневните приватни разговори се први на овој список. Доколку телефонирањата не се поврзани со работата,     избегнувајте ги. Особено штетно за вашата кариера е сурфањето по социјалните мрежи во работно време.

Озборување

Ако сакате професионално да си ја одработите својата работа држете се подалеку од секакви озборувања. Окупацијата со трачеви ја смалува вашата продуктивност.

Неуредност
Освен што оставате лоша слика за вас, неуредноста може да ви ја отежни концентрацијата. Неорганизираноста, односно расфрланите работи ќе ви одземаат многу време, бидејќи она што ќе ви треба во моментот во таков хаос ќе ви одземе многу време додека го најдете.

Занемарлив кодекс на облекување

Многу копании си имаат свој кодекс на облекување, доколку работите во една од нив, во тој случај знаете дека кратките здолншта, длабоките деколтеа, пренагласениот накит ве прават непрофесионални.

Континуирано доцнење
Не постои личност која не задоцнила на своето работно место, на секој му се случува барем еднаш во својата кариера. Сепак постојаното доцнење спаѓа во лоша работна навика која апсолутно ги „вади од такт“ вашите колеги, а особено претпоставените.

А, доколку вие сте жртва на озборување во продолжение слушнете неколку стручни совети, за тоа како најдобро да се заштитите:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП