19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнститутот Ifo остро ја намали прогнозата за раст на германската економија

Институтот Ifo остро ја намали прогнозата за раст на германската економија

Германскиот институт „Ifo“ е најновиот, кој ги намали драстично своите предвидувања за растот на најголемата европска економија во оваа и следната година, повикувајќи се на слабиот почеток на 2018-та и зголемените глобални ризици, соопштува „Ројтерс“.

Според најновите прогнози, БДП-то на Германија ќе се зголеми за 1,8% во оваа и наредната година, што е значително помалку од претходните предвидувања за солидна експанзија односно од 2,6% и од 2,1 отсто.

„Економијата се одвиваше значително помалку од очекуваното во првите неколку месеци од годината“, коментира економистот на институтот „Ifo“ – Тимо Волмершаузер, додавајќи дека „глобалните економски ризици се зголемија значително“.

Водечкиот институт истакна дека економскиот подем во Германија би требало да продолжи, но со побавно темпо, повторувајќи ја на тој начин оценката на „Бундесбанк“, направена во почетокот на неделата.

Во прилог на слабата индустриска активност и извозот во првите четири месеци од годината, трговскиот спор меѓу САД и Европската унија ги помрачува изгледите пред германската економија. Повод за ова е заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да наметне повисоки царини и врз увозот на автомобили од европските сојузници на САД во прилог на веќе донесената еднострана царина за увоз на челик и алуминиум.

Треба да се има предвид дека во понеделникот „Бундесбанк“ изјави дека економскиот раст на Германија би требало да се заживее во вториот квартал, благодарение на повисоките државни трошоци, на градежниот бум и силната приватна потрошувачка.

На крајот на минатата недела, сепак централната банка на Германија предупреди дека комерцијалните и политичките тензии ги направиле економските перспективи повеќе несигурни и како резултат на тоа, исто така, ревидира во надолна насока сопствените прогнози за растот.

Силна надолна ревизија на предвидувањата за раст направена една недела порано и другите водечки германски економски институции во лицето на „DIW“.

Според „Ifo“, новата италијанска коалициска влада, вклучувајќи ги и антисистемските и популистичките партии, исто така ги вознемирува германските компании и нивните идни инвестициски планови.

„Ризиците се помали од очекуваното однесување на економијата во Германија“, истакна Тимо Волмершаузер од „Ifo“ и предупреди: „Економските предности на Германија се далеку надминати од двата главни ризици – втора криза во еврозоната, предизвикана од Италија и трговска војна“.

Освен конкретниот трговски спор меѓу САД и ЕУ, германските бизнис лидери се загрижени дека трговска конфронтација меѓу САД и Кина може да наштети на извозниците, кои се потпираат на нивниот раст од двете најголеми економии во светот. „Веројатноста дека влегуваме во трговска војна што ќе влијае на Германија е сега поголема, отколку во текот на пролетта“, вели економистот на „Ifo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП