19 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром го зголеми производството на гас за пет и пол месеци за...

Газпром го зголеми производството на гас за пет и пол месеци за 9,1%

Рускиот гасен гигант „Газпром“ од 1-ви јануари до 15-ти јуни оваа година го зголеми приносот на гас за 9,1 проценти во однос на истиот период од минатата година до 235,4 милијарди кубни метри, соопшти ТАСС, цитиран од агенциите.

Извозот на гас во земјите надвор од Комонвелтот (ЗНД) пораснаа за 5,6 отсто на 93,6 милијарди кубни метри, се вели во соопштението на руската гасна компанија.

Во првата половина на јуни „Газпром“ произведе 18,1 милијарди кубни метри гас, што е за 5,1 отсто повеќе од истиот период од минатата година.

За периодот од 1-ви јануари до 15-ти јуни извозот за Германија е зголемен за 13,2 проценти (со 3,2 милијарди кубни метри гас), за Австрија со 57,9 проценти (2 милијарди кубни метри), за Холандија со 71 проценти (со 0,5 милијарди кубни метри), за Франција со 10 проценти (со 0,5 милијарди кубни метри), за Хрватска со 46,1 проценти (0,5 милијарди кубни метри), за Грција со 29,5 проценти за Данска за 11,5 отсто, а за Чешка за 9,8 отсто.

Претходно шефот на „Газпром“, Алексеј Милер соопшти дека „Газпром“ во 2018-та година може да го зголеми извозот за Европа во однос на претходната година за 2,4 отсто до 199 милијарди кубни метри наспроти 194,4 милијарди кубни метри во минатата година.

За 2017-та година, гасниот гигант го зголеми производството на гас за 12,4 отсто од 2016-та година на 471 милијарда. За оваа година, холдингот очекува зголемување на приносот од 1 процент (на 476 милијарди кубни метри), но не ја исклучува ревизијата на планот за зголемување на приносот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП