26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛогистичките центри во Европа продолжуваат да растат

Логистичките центри во Европа продолжуваат да растат

Индустриските и логистичките имоти се европскиот најпродаван сектор за недвижнини во првиот квартал од 2018-та година, со раст од 21 отсто на 7,6 милијарди долари, според извештајот на „CBRE“.

Тие ја продолжуваат со растот по остварената четвртата последователна рекордна година во 2017-та. За споредба, вкупниот обем на инвестиции во сите сектори на деловната сопственост во Европа порасна за само 1%.

Најголемиот логистички пазар на Стариот континент е Велика Британија, која порасна за 7% на 2,3 милијарди евра, но земјите со најдобри резултати во првиот квартал беа Шпанија со речиси двојно поголем обем на инвестициите, Италија со раст од 72% и Германија со раст од 39% на 1,9 милијарди.

Обемот на инвестиции на скандинавските земји, исто така, двојно се зголеми на 1,5 милијарди евра. Капиталните текови во индустрискиот сектор во Европа изнесуваа вкупно 44 милијарди евра во периодот од 12-те месеци до март 2018-та година, што претставува зголемување од 74% на годишна основа.

Ова главно се должи на купувањето на пан-европската логистичка компанија „Logicor“ од „China Investment Corporation“ во вториот квартал од 2017-та година и „Gazeley“ од „GLP“ во четвртиот квартал од 2017-та година.

Азиските инвестиции во периодот од 12 месеци до март достигнаа 15,8 милијарди евра, што претставува зголемување од 2,5 милијарди евра во споредба со претходните 12 месеци. Вкупниот обем на инвестиции, исто така, се зголеми за 19% на 17 милијарди евра.

Највисок принос од 6% е индустрискиот имот во Варшава, следен од Мадрид и Прага со 5,85% и 5,75%, соодветно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП