19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкспертите очекуваат биткоинот да падне под 6.000 долари

Експертите очекуваат биткоинот да падне под 6.000 долари

Вредноста на најпопуларната криптовалута биткоин (BTC) оваа недела најверојатно ќе продолжи да се намалува и за прв пат од ноември 2017-та година ќе падне под психолошката граница од 6.000 долари, прогнозираат експерти.

При трговијата во неделата, цената на криповалутата се намали со 0,60% до 6,525  долари, според податоците на порталот „CoinMarketCap“. На берзата „Bitfinex“ намалувањето беше со 0,57% до 6,489 долари на „GDAX“ со 0,38% до 6,495 долари.

Во минатата недела биткоинот загуби 4% од цената и падна до 6,125 долари на „Bitfinex“. Ова е минимално ниво забележано на 6-ти февруари 2018-та година.

Главниот настан од минатата недела, кој влијаеше на криптовалутите беше одлуката на Американската комисија за хартии од вредност и берзи (SEC) да не признае биткоинот (BTC) и „Ethereum“ (ETH).

„Не е јасно зошто учесниците на пазарот реагираа така на веста, откако шефот на „SEC“, Џеј Клејтон го изјави ова уште на 7-ми јуни во интервју за „CNBC““, коментира аналитичарот од „Алпари“, Владислав Антонов.

Тој потсетува дека на 9-ти јуни беше техничката употреба на третата генерација на криптовалутата „EOS“. Во саботата, 16-ти јуни, беше регистрирано „замрзнување“ на трансакциите на глобално ниво. Потоа курсот „EOS“/„USD“ се намали за 4,5% и го повлече со себе и биткоинот, раскажа експертот.

Минатата недела корејската берза „Coinrail“ соопшти дека хакери украле дигитални пари во вредност од над 37 милиони долари.

„ПР“ директорот на „Tugush Blockchain Finance“, Тимофеј Фортунатов цитира податоци на „CoinMarketCap“, според кои во глобалниот рејтинг на берзата за криптовалути „Coinrail“ е на 90-то место.

„Затоа многумина можат да се шокирани од големината на штетите од слично погодените од големи сајбер напади“. Според него за помалку од деноноќие по веста за уште еден сајбер напад ја намали вкупната капитализација на пазарот на криптовалути со околу 50 милијарди долари (околу 14% од вкупната капитализација)“, раскажа тој.

Друг настан со негативен ефект минатата недела беше одбивањето на „Western Union“ да работи со криптовалути што беше најавено во Њујорк од главниот извршен директор Хикмет Ершек во средата, 13-ти јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП