19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Каде точката за пенал е најскапа?

График на денот: Каде точката за пенал е најскапа?

21-вото Светско фудбалско првенство започна на 14-ти јуни, а навивачите од целиот свет се загледаа во телевизорите гледајќи ги нивните омилени тимови.

Консултантската компанија „Knight Frank“ одлучи да објави Имотно светско првентво со споредување на вредноста на простор со големина на точката за изведување најстрога казна. Рангирањето се базира на луксузни цени на имотот во 30-те најскапи градови во светот. Големината на точката за пенал е 22 см во дијаметар, т.е. со површина од 0.038 квадратни метри.

Монако, кој има тим во Првата лига на Франција, но не е член на ФИФА, ја зазема лидерската позиција. Цената според дијаметарот на точката за пенал чини околу 2.490 долари базирана на цените на крајот на март 2018-та година, а неговата вредност е значително повисока отколку во вториот град во рангирањето во Хонг Конг. За истата површина цената во овој град е 1.720 долари.

Во пет градови, цената на точката за изведување на најстрогата казна надминува 1.000 долари – Њујорк, Лондон и Сингапур, приклучувајќи се кон Монако и Хонг Конг.

Англија се надева дека ќе се искачи високо на листата на Имотното светско првенство, а Лондон се наоѓа во рангирањето на „Knight Frank“. Областа со големината на точката за пенал во британскиот главен град чини околу 1.400 долари. Иако пазарот на луксузен имот во центарот на Лондон останува чувствителен поради политички настани, има чувство за релативна стабилност, што ако се пренесе на фудбалското игралиште, би требало да гарантира дека нема да се повторат настаните во Бразил во 2014-та година, кога „Трите лава“ беше елеминирани по групната фаза на турнирот.

Понатаму во рангирањето на „Knight Frank“ се наоѓаат градови од Европа, како Женева, Париз и Виена, каде што цените на луксузните имоти се обновија по 2016-та година, и во Азија, каде построгите прописи, со цел да се излади растот на цените во градови, како Шангај и Сеул, добиваат интензитет.

Иако Сеул зазема место во средината на Имотното светско првенство, јужнокорејската престолнина предводи во последниот индекс на „Knight Frank“ на најбрзо растечки пазар на луксузен имот со раст на цените до март 2018-та година од 25%. Јужна Кореја, една од трите азиско-пацифички тимови на Светското првенство, е една од најуспешните земји, која учествува на последните девет Светски првенства.

Цената на точката за пенал во Москва, каде што се два од 12-те стадиони кои ќе се одиграат 64 натпревари ова лето, е околу 480 долари врз основа на моменталните луксузни цени на имот. Рускиот главен град зазема едно од последните места во графиконот за годишен раст на цените на имотот од 2015-та година.

Заедно со стадионите, во изминатите години се изградени голем број на луксузни имоти. Зголемувањето на обемот на новата понуда заедно со економската криза доведе до ниска цена. Но најновата анализа „Knight Frank“ покажува дека падот е забавен. Москва забележа пад од само 1,4% во годината до март 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП