10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛани регистриран рекорден број бегалци

Лани регистриран рекорден број бегалци

Високиот комесаријат на Обединетите Нации за бегалците (УНХЦР) соопшти дека лани се регистрирани речиси 69 милиони луѓе кои биле насилно раселени поради војни и насилства во нивните земји.

Во соопштението се наведува дека ова е рекорден број на бегалци, регистриран во период од една година.

Вискиот комесар на УНХЦР, Филипо Гранди рече дека до зголемување на бројот на бегалци дошло пред се поради немирите во Јужен Судан и Конго, како и поради егзодусот на припадниците на етничката заедница Рохинџи од Мјанмар.

Од вкупниот број на бегалците, лани биле раселени 16,2 милиони луѓе, односно секојдневно повеќе од 44.000 луѓе ги напуштале нивните домови.

Околу 85 проценти од 68,5 милиони бегалци се наоѓаат во развиените земји, а повеќето од нив се сиромашни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП