8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ"Google" против "Alibaba": Американската компанија напаѓа на азискиот пазар

“Google” против “Alibaba”: Американската компанија напаѓа на азискиот пазар

Американската компанија “Google” ќе инвестира 550 милиони долари во “JD.com”, главниот ривал на кинеската “Alibaba”, бидејќи американскиот технолошки гигант сака да го зголеми своето присуство на азискиот пазар за електронска трговија.

Како дел од денешното најавено партнерство, производите од платформата на “JD.com” ќе се појават на Google-овиот пребарувач, пренесува агенцијата АП.

Преку партнерството, “Google”, како што беше најавено, ќе истражува нови решенија за подобрување на шопинг искуството на потрошувачите низ целиот свет.

“JD.com” е втора по големина компанија за електронска трговија по Alibaba.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП