3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаемот на мебел ќе се одржи во октомври во ВИП Борис Трајковски

Саемот на мебел ќе се одржи во октомври во ВИП Борис Трајковски

Скопски саем го најавува 44. издание на Саемот на мебел 2018, кое ќе се одржи од 5-10 октомври во комплексот на ВИП Арена Борис Трајковски.

Надворешниот простор на комплексот на ВИП Арена Борис Трајковски ќе биде пополнет со најсовремени монтажни изложбени објекти, кои заедно со ВИП Арената Борис Трајковски достигнуваат  вкупен изложбен капацитет од 8.000 м2.

Саемот на мебел е една од најатрактивните и најпосетените саемски манифестации, кој традиционално е посетен од околу 50.000 посетители. Учество на саемот најавија најголемите производители и трговци на мебел од земјата и регионот, при што посетителите може да очекуваат дека понудата на најновите дизајни на мебел ќе биде мошне богата и разноврсна за сечиј вкус. Секако, и оваа година изложувачите најавуваат големи саемски попусти.

Истовремено, од 24 до 28 октомври ќе се одржи најголемиот деловен саем Технома заедно со Саемот на градежништво и Реалекспо во комплексот на ВИП Арена Борис Трајковски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП