23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНе сте задоволни од својата кариера? Овие три прашања треба да си...

Не сте задоволни од својата кариера? Овие три прашања треба да си ги поставите!

Секој од нас доаѓа до период во кој се соочува со криза во својата кариера, кога ќе наидат такви периоди потсетете се дека за се има решение, и дека тоа е моментална состојба која ќе помине.

За да си помогнете во такви ситуации само помислете на овие три прашања:

1. Што сакам да правам?

Внимателно размислете во кои активности уживате, односно ве исполнуваат и ви даваат енергија. Доколку се чувствувате неисполнети на вашето работно место во слободно време правете работи кои ве исполнуваат, и секогаш гледајте ја позитивната страна на вашата професија.

2. Во што сум навистина добар?

Што е она во кое сте одлични? За која работа колегите ви делат комплименти?

Можеби на тој начин ќе увидите во што сте навистина добри, а истовремено ќе направите да се чувствувате задоволно на вашето работно место, правеjќи го она во кое сте најдобри. Станува збор за вештините кои ги поседувате и треба да ги искористите за да напредувате.

3. Кои се моите таленти?

Прашајте ги вашите колеги, шефот, членовите од вашето семејство, тие нека ви кажат во кои работи сте одлични. Можеби ќе се изненадите кога ќе слушнете за некои таленти за кои не сте ни биле свесни дека ги поседувате.

За крај кога ќе ги одговорите овие клучни прашања, ќе можете без проблем да ги согледате вашите недостатоци и предности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП