26 април, 2024
ПочетнаДИЕТИОмилениот оброк на Ријана изобилува со протеини, погледнете кој е тој

Омилениот оброк на Ријана изобилува со протеини, погледнете кој е тој

Ѕвездата на Барбадос, Ријана за магазин „Esquire“ откри кој е нејзиниот омилен оброк кој изобилува со протени, станува збор за салата во која главната состојка е леблебијата.

Се што ви е потребно е:

100 грама варени леблебии

½ краставица

½ свеж домат

2 парчиња лук

Сол и бибер по желба

1 лажица маслиново масло

Неколку листови босилек за декорација

А, се подготвува на следниов начин:

Првенствено се започнува со главната состојка, леблебијата се вари во вода, па потоа се приготвува.

Исецкајте го лукот, краставицата и доматите, потоа во длабок сад помешајте ги со леблебијата.

За крај состојките добро измешајте ги, и по желба додадете бибер и маслиново масло.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП