19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБундесбанк очекува раст во вториот квартал

Бундесбанк очекува раст во вториот квартал

Германската економија би требало да забележи раст во вториот квартал од 2018-та година, откако забележа релативно слаб старт на годината. Ова денеска го соопшти германската централна банка.

Економскиот раст во земјата се намали за половина до 0,3% во првиот квартал, во споредба со претходните три месеци, поради послабата трговија и пониските државни расходи. Покрај тоа, опасноста од трговски конфликт со САД, исто така, ги намали своите предвидувања.

„По малиот раст во почетокот на 2018-та година германската економија треба да се зголеми со посилно темпо во текот на пролетта“, се наведува во месечниот извештај на Бундесбанк, цитиран од агенциите. Во него се вели и дека обновата нема да е како нивото на раст од минатата година, најмногу поради послабата активност во индустрискиот сектор.

Индустриските нарачки, производството и извозот забележаа пад во април – трет пат за првите четири месеци од годината, сигнализирајќи за слабеење што аналитичарите ја поврзаа со долгите официјални викенди, студеното време и епидемијата на грип во земјата.

Бундесбанк соопшти дека во дополнувања на повисоките државни трошоци, надоместокот во градежниот сектор и силната приватна потрошувачка треба да дадат поттик на економијата во вториот квартал.

Во петокот германската централна банка ги намали прогнозите за економски раст за оваа година и изјави дека загриженоста околу трговијата и политичката агенда ги направиле прогнозите за економијата повеќе несигурни. Од финансиската институција посочија исто дека слабата побарувачка од странство и недостигот на работна сила дома фрлиле „светлина“ врз проблемите во срцето на ориентираната кон извоз економија.

Очекувањата на Бундесбанк се за раст од 0,2% во оваа година – многу под прогнозите за 2,5% од декември 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП