24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Еуроникел“ ќе го запознае градоначалникот на Кавадарци со планот за реорганизација на...

„Еуроникел“ ќе го запознае градоначалникот на Кавадарци со планот за реорганизација на „Фени“

ГСОЛ, заедно со своето претставништво „Еуроникел“, договара средба со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, и советниците на Општина Кавадарци, на која ќе ги запознаат со планот за реорганизација на „Фени“, што сè досега било направено за спас на фабриката и кои се идните планови.

ГСОЛ и „Еуроникел“ сметаат дека е од суштинска важност претставниците на локалната самоуправа да бидат запознаени со предностите на планот за реорганизација, со што ќе се избегнат можни дезинформации кои би биле на штета на компанијата и на вработените и нивните работни места.

„На средбата ‘Еуроникел’ ќе ги презентира сите чекори што досега беа направени од ‘Еуроникел’ за спас на ‘Фени’, планот за реорганизација и идното инвестирање во комбинатот и како тоа ќе се одрази врз развојот на целиот регион и ќе се појасни дека сè друго од овој план е на штета на ‘Фени’ и може негативно да се одрази врз иднината на компанијата“, најавија од „Еуроникел“.

ГСОЛ извести дека преку своето претставништво „Еуроникел“ досега ги исплатиле сите доверители на „Фени“ чии побарувања беа влезени во стечајната маса. Нагласуваат дека отишле и чекор понатаму со тоа што ги исплатиле транспортерите од Кавадарци, кои не беа влезени во стечајната маса, за што се потрошиле 3,1 милиони евра и со нови договори веднаш повторно ги ангажирале.

„ГСОЛ своите намери за ‘Фени’ ги потврди и со излегување на огласот за преработка на никелова руда, каде што беше единствената компанија што даде гаранција преку сопствени ресурси за руда, инвестиција од 3 милиони евра и дополнителна банкарска гаранција од 5 милиони евра. Овој чекор беше клучен во спасот на ‘Фени’ и егзистенцијата на вработените. Гаранција за иднината на ‘Фени’ е и обезбедување рудни ресурси за понатамошна работа на ‘Фени“, а ГСОЛ располага со ресурси на висока квалитетна руда, што обезбедува работа за фабриката на долг период. Во досегашното работење со ‘Фени’, ГСОЛ, ‘Еуроникел’ преку договорот за преработка успеа да го одржи во живот ‘Фени’ во текот на целата стечајна постапка, но уште повеќе ја обезбеди егзистенцијата на вработените со редовна плата од 500 евра, како и со договори со транспортерите, со што го врати оптимизмот во ‘Фени’ и стекна доверба меѓу вработените“, велат од ГСОЛ.

Од ГСОЛ велат дека ја обезбедиле егзистенцијата на вработените во „Фени“ со редовна плата од 500 евра

Од компанијата велат дека за разлика од нив, ниедна друга компанија, освен декларативно покажување интерес за „Фени“, не вложила ни еден денар во исплаќање на побарувањата кон доверителите, во платите на вработените или во каква било инвестиција во фабриката. Секој друг чекор и враќање на процесот назад сметаат дека ќе предизвикаат ‘Фени’ повторно да биде затворен, печките да не работат, а работниците да останат без сигурен месечен надомест.

На претставниците на локалната самоуправа ќе им бидат презентирани предностите и бенефициите од успешното рестартирање на „Фени“ и како кавадаречката компанија со својата успешна работи ќе придонесе за развој на целиот регион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП