29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHeineken ќе ги спасува британските пабови

Heineken ќе ги спасува британските пабови

Heineken – втората најголема пивара во светот, објави инвестициски план во вредност од 44 милиони фунти (50,2 милиони евра), кој има за цел да им помогне на британските пабови.

Британската единица на холандската компанија ќе ги инвестира парите во околу 500 пабови на компанијата „Star Pubs & Bars“, која е во сопственост на „Heineken“, пренесува „Financial Times“. Овој потег се очекува да отвори 1.000 нови работни места.

Одредените средства ќе служат за спроведување на повеќе од 140 проекти и подобрувања во бизнисот на компанијата.

„Веруваме дека инвестициската посветеност и разбирање на потрошувачките трендови ќе помогне на нашите лиценцирани бизниси да продолжат да растат, па британските пабови да останат во срцето на британскиот начин на живот и во наредните генерации“, вели Дејвид Фордем, управен директор на „Heiniken“ за Велика Британија.

Како и многу локални трговци во Велика Британија, пабовите имаа тежок старт во оваа година. Трендот во последниве години покажува дека се повеќе пабови ги затвораат врати поради неможноста да оперираат во тековните економски услови.

Од јануари 2012-та година до сега речиси 2.300 пабови ја прекинале активноста, а продажбата на пиво во пабовите се намалува на половина во периодот 2000 – 2016-та година.

Претходно овој месец рејтинг агенција „Fitch“ посочи дека овој сектор е „силно изложен“ на зголемените трошоци за работна сила, храна и енергија.

Британскиот бизнис стратег Грег Кларк го опишува инвестицискиот план на „Heineken“ како „гласање за доверба“ ​​на локалната економија. Според неговите зборови, пабовите се срцето на британската заедница и играат витална улога во локалната економија.

Акциите на „Heineken“ достигнаа рекордно високи нивоа во почетокот на оваа година, компанијата најави подобри од очекуваните финансиски резултати, и покрај високите негативни монетарни разлики.

Во првото тримесечје од оваа година холандската компанија забележува опаѓање во продажба на пиво на Островот, но генерално на глобалниот пазар забележа раст од 4,3%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП